Политика за приватност

Оваа Политика за приватност се однесува на начинот на кој Друштво за трговија и услуги ЧИА БОДИ ДОО СКОПЈЕ со седиште на ул. Бојмија 8 локла 5 Скопје, со ЕМБС 7469454 со ЕДБ 4032020547387 (во понатамошниот текст: “ЧИА”) врши обработка на личните податоците на посетителите и корисниците при посета, регистрација, нарачка и електронско плаќање преку веб страницата на ЧИА- www.chia.com.mk. 

 КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ

– Лични податоци (име, презиме, електронска адреса, адреса на живеење/адреса за достава на производ, телефонски број за контакт) кои Вие доброволно ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме за цели на регистрација на веб страницата- www.chia.com.mk и креирање кориснички профил, електронска нарачка на производи и услуги на ЧИА и нивна достава и овозможување електронско плаќање. – Податоци кои не се лични, а се собираат при посета на веб страницата www.chia.com.mk и се користат во агрегатна форма исклучиво за потребите на подобрување на на корисничкото искуство на нашата веб-страница. 

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА

Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна исклучиво врз основа на Ваша согласност и за целта за која се собрани. Личните податоци кои ги прибираме се користат за да Ви овозможиме да ја користите вебстраницата – www.chia.com.mk односно за да Ви овозможиме регистрација/најава и креирање на кориснички профил, обработка на Вашите нарачки (вклучително и овозможување поддршка на корисници) и овозможување електронско плаќање и достава на нашите производи и услуги. ЧИА може да Ве информира за новости, промоции и акции. Доколку не сакате да добивате промотивни пораки, следете ги чекорите за одјавување (unsubscribe) што се наведени на крајот од секоја порака или контактирајте не. 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ЧИА презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, спречување на неовластен пристап или нивна злоупотреба. Личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите применливи прописи. ЧИА не ги продава, изнајмува или споделува информации собрани на веб страницата со трети страни освен ако тоа не е потребно за извршување на некоја услуга/достава на производ која Корисникот ја побарал. На веб-страницата на ЧИА- www.chia.com.mk може да бидат поставени екстерни врски (линкови) преку кои може да пристапите кон веб-страниците на трети лица, кои не се предмет на оваа Политика за приватност. ЧИА не е одговорен за содржините и практиките и работењето на овие веб-страници па затоа Ве советуваме да се запознаете со нивните политики за приватност. Ние ќе ги дадеме Вашите информации на трети лица, како што се доставувачи и трети лица кои се задолжени за ваша идентификација при предавање на нарачката на адресата која сте го навеле за преземање на истата. Овие лица се задолжени да ги чуваат во тајност сите лични податоци за Корисниците споделени со нив од страна на ЧИА. ЧИА го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци на други лица или надлежни органи во случаи кога тоа се бара со закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка за заштита на нашите интереси и интересите на нашите корисници. 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Регистрација, нарачка и плаќање преку оваа веб- страница е забрането за лица помлади од 18 години. Доколку дојдеме до сознание дека регистриран корисник нема навршено 18 години, веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него. Доколку плаќањето го извршило лице кое немало полни 18 години, одговорноста е на лицето кое му дало пристап и информации за електронско плаќање на малолетното лице. 

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ

Електронското плаќање за услугите се пренасочува од веб страницата- www.chia.mk и се обработува во процесинг центарот за наплата преку платежни картички на ХАЛК Банка АД Скопје. Информациите за платежната картичка за спроведување на авторизирање на трансакцијата се пренесуваат преку сигурна конекција и се целосно шифрирани. ЧИА нема пристап до податоците кои ги внесува Корисникот при електронското плаќање и истите се обработуваат исклучиво од страна на ХАЛК Банка АД Скопје. 

ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектот кој е регистриран на веб-страницата на ЧИА има право да добие информации за категориите на податоци кои се обработуваат и за која цел, право на пристап, право на исправка во случај кога податоците се неточни или неажурирани, како и право на бришење на личните податоци и корисничкиот профил, со поднесување барање до . Субјекто ЧИА на лични податоци има право да побара ограничување на обработката на личните податоци, право на преносливост и право на приговор против обработката на неговите лични податоци. ЧИА има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Корисниците се регистрираат и најавуваат на веб-страницата со внесување на свое корисничко име и лозинка кои сами ја креираат. Ве советуваме да не ја споделувате Вашата лозинката со никого. Веднаш променете ја лозинката и известете не доколку сметате дека Вашата лозинка е злоупотребена на било кој начин. Корисниците можат во секое време да пристапат, променат или избришат своите лични податоци преку најава на веб страницата со своето корисничко име и лозинка и пристапување до својот кориснички профил. 

ПРИФАЌАЊЕ И ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со посетата, користењето преку регистрација/најава, нарачка на производи и електронско плаќање на оваа веб страница се смета дека корисникот дал изречна согласност за обработка на личните податоци и ги прифатил Условите за користење и оваа Политика за приватност и истите имаат правна сила на склучен договор од двете страни. ЧИА го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страницата на ЧИА – www.chia.com.mk со информација за датумот кога промените стапиле во сила. Корисниците се обврзани да бидат запознаени со Политиката за приватност во секое време како и да бидат во тек со евентуалните промени. 

КОНТАКТ

Сите прашања, барањa или предлози во врска со Политиката за приватност или со обработката на личните податоци, можете да ги доставите на следната e-mail адреса info@chia.com.mk или по пошта на ул. Бојмија 8 локал 5 Скопје. 

 

Објавено на 21.02.2021